|

Раководството на детската клиника со закани до младите специјализанти оти си ги барале платите, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Младите специјализанти по барање за исплата на неисплатена плата за декември минатата година и неисплатени дежурства од август, се соочиле со закани и мобинг од раководството на Клиниката за детски болести, тврди Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Раководството, како што се наведува, ги спречило специјализантите да го изразат револтот преку бојкот со закана дека ќе им бидат прекинати специјализациите и ќе биде објавен нов конкурс за нивна замена.

Вакви закани има и кон други вработени на оваа Клиника, велат од ВМРО-ДПМНЕ, што е уште еден показател за директен мобинг, кој е една од клучните причини за заминување на 3 доктори само во последниов месец, а има најава и за нови заминувања токму од оваа Клиника.

Според информациите кои пристигнуваат до Комисијата за здравство на ВМРО- ДПМНЕ и во други здравствени установи се вршат закани и притисоци.

Партиската комисија ги осуди овие вербални напади и закани со злоупотреба на службената положба и ги повика сите колеги здравствени работници да не подлегнуваат и соодветно да реагираат. Од тука на здравствените работиници кои се наоѓаат во ваква положба им нудат бесплатна правна помош.



Слични Објави