Раст на бројот на заразени со коронавирус – вкупно 588 активни случаи

/

Во Македонија последниве неколку недели има значителен раст на бројот на лица заразени со ковид-19.

Податоците покажуваат дека ако пред еден месец, имавме денови со 4 нови случаи со ковид-19, првиот ден од овој месец почна со 72 нови случаи за 24 часа, 9 оздравени и ниту еден починат.

Со зголемување на бројот на нови случаи се зголемува и бројот на активни случаи со Ковид-19, при што најголем дел се од Скопје, Тетово и Куманово.



Досега во земјата се направени вкупно 982.469 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на пандемијата изнесува 156.452 бројката на оздравени пациенти е 150.371 и на починати е 5.493.

Претходна статија

На ГП Богородица за излез од државава се чека 1 час

Следна статија

Земјотрес почувствуван во Скопје

Најново од Вести