|

Вработените во МКЦ до Арсовска: Ни го убивте кејфот и љубовта кон работењето

На клевети, сериозни притисоци , распити и мобинг врз вработените , паушално толкување на законите и документите како и оградување од надлежности, се проблемите кои ги посочија вработените во Младинскиот културен центар по вчерашната прес конференција на градоначалничката Данела Арсовска за случувањата во МКЦ. Програмските уредници испратија и порака до надлежните институции, пренесува Радио Слободна Европа.

„Веќе четврта година сме мета на јавни обвинувања и подметнувања, разни финансиски полиции, ревизии, контроли и судови. Ни го убивте кејфот и љубовта кон работењето. Истрајавме, и ќе истраеме сѐ додека веруваме во правна и правична држава, и само во тоа. Престанете да ни праќате неидентификувани и неовластени лица да ни вршат распити, да ни се врши мобинг и притосок на нашето работно место“ изјави Кристина Горовска од МКЦ.

Целата вест на Радио Слободна Европа.

Извор: zoom.mk



Слични Објави