РЕАКЦИИ ПО ПРЕСУДАТА ДВЕ ГОДИНИ УСЛОВНО ЗА ДВЕ ЖРТВИ ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА

Две години условно е пресудата што вчера ја изрече Кривичниот суд во Скопје за сообраќајната незгода кај Млечен ресторан во 2018-ма, во која животот го загуби едно лице, а неговата бремена сопруга и сопатничка доби тешки телесни повреди и го загуби плодот, пренесува Скопјеинфо.

loading...

Возачот на џип недозволено преминал преку двојна полна лента на булеварот Теодосиј Гологанов и удри во мотор на кој се превезуваа жртвите.

Судијката Елена Јосифовиќ за ваквата пресуда образложи дека возачот на џипот Васил Ч. директор на фирма од Тетово ја признал вината.

На социјалните мрежи реагираше сопругата на починатиот:



loading...

На социјалните мрежи се јави и таткото на починатиот.

„Пријатели. Сакам да ве известам дека денес се донесе пресуда за смртта на мојот син кој загина пред две години во сообраќајка. Неговата сопруга бремена го изгуби плодот и се здоби со тешки телесни повреди. Пред да ја каже судијката пресудата ме известија дека каква и да биде пресудата да останеме смирени, бидејќи може да бидеме казнети. Судијката со многу очај кажа дека многу и било тешко да ја донесе оваа пресуда. На сите отежителни и олеснителни околности, пресудата гласеше не е виновен и ќе биде две години условно осуден. Така да сега кој е кој? Ние ќе бидеме казнети ако негодуваме, а тој што одзеде животи и уништи животи на фамилии си е слободен? Тоа е нашето судство, обвинителство и цел ланец на судски заврзлами. Не смеам да кажам некој лош збор на Фејсбук бидејќи може да дојдат и да ме најдат за виновен. Сега нека пресуди народот кое судство и која правна држава ја имаме“, нашиша таткото на починатиот.