|

Реал се откажа од Азар, Челзи прави сѐ за да го задржи

Реал Мадрид размислува да се откаже од намерата да ја донесе во своите редови ѕвездата на Челзи, Еден Азар пренесуваат англиските медиуми.

Белгискиот репрезентативец веќе подолго време е трансфер цел на „кралевите“, но неговата слаба форма во последните месеци и одличните партии на Роналдо, го натераа раководството на Реал да се насочи кон други фудбалери.

Реал Мадрид е спремен ова лето да потроши голема сума на засилувања, но Азар најверојатно нема да се најде на списокот на „кралевите“.

Во меѓувреме Челзи се обидува да го задржи Азар по секоја цена. „Сините“ се спремни да му понудат на Белгиецот договор „тежок“ 350.000 фунти неделно, со што ќе го направат еден од најплатените фудбалери во Премиер лигата.

Притоа, доколку самиот Азар инсистира да ја промени средината, Челзи нема да започне преговори за понуда помала од 100 милиони евра.

Извор: Sportski.mk



Слични Објави