Речиси 70% од Бугарите со поддршка за цврстата позиција кон РС Македонија
Речиси 70% од Бугарите ја одобруваат тезата дека Бугарија треба да ја зачува цврстата позиција во однос на РС Македонија. Тоа станува јасно од социолошко истражување на агенцијата Галуп, јавува БГНЕС.
„68,9 од учесниците во анкетата ја поддржуваат тезата дека Бугарија треба да ја зачува својата цврста позиција во однос на влезот на РС Македонија во ЕУ. Малку над 1/5 од испитаниците го делат спротивното мислење, а имено дека Бугарија треба да го „омекне“ својот став“, велат од Галуп, додавајќи дека слични податоци биле добиени и во летото на минатата година.
„Тоа покажува дека нема суштинска промена на мислењата, туку напротив, анализите покажуваат дека има извесно „зацврстување“ на јавното мислење кај нас“, велат од агенцијата.
Од Галуп велат дека според добиените податоци, расте бројот на Бугарите, кои како важно прашање за приемот на РС Македонија во ЕУ, го поставуваат спроведувањето на Договорот за пријателство и добрососедство потпишан на 1 август 2017 г.
Податоците се од независната истражувачка програма на Галуп интернешнл болкан, а се добидени преку телефонски јавувања на 890 испитаници во јуни 2021 г и на 800 испитаници во февруари 2022.

