РЕД БУЛ СЕ ШИРИ ВО ФУДБАЛОТ: ПО САЛЦБУРГ И ЛАЈПЦИГ КУПУВА ТРЕТ КЛУБ ВО – ДАНСКА!

По Салцбург и Лајпциг, австриски милијардер планира да купи уште еден европски клуб. Ред Бул планира да се прошири во фудбалот и тоа во Данска.

Со Салцбург тие поставија целосна доминација во Австрија, па влегоа и во Лигат ана шампиони (ЛШ) и станаа хит во светот, а привлекоа и голем интерес за нивните талентирани фудбалери, како Ерлинг Халанд, кој го продадоа во Борусија Дортмунд.

Во Германија уште успешене Лајпциг, кој е лидер во Бундеслигата и му претстојат натпревари во ЛШ против Тотнем.

Сега на ред е да се купи и уште еден клуб од Данска, а станува збор за Брондби. Десеткратниот шампион на Данска продаде минатата година двајца фудбалери, но тие пари не им помогнаа да бидат поуспешни.

Откако Кристијан Норгард замина во Фиорентина за 3,5 милиони евра, а Фредерик Роно во Ајнтрахт Франкфурт за 2,8 милиони, Брондби ја заврши минатата сезона на четврто место на табелата.

Данскиот гигант последен пат беше шампион во 2005 година, по што Копенхаген освои дури девет титули.

Извор: Спорт1

Слични Објави