РЕГУЛАТОРНА ДОСТАВИ НОВ ПРЕДЛОГ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА КАТЕГОРИИТЕ НА РАНЛИВИ ПОТРОШУВАЧИ
До министерството за енергетика, од страна на Регулаторната комисија за енергетика беше доставен предлог за проширување на категориите на ранливи потрошувачи.
Имено, станува збор за иницијатива во соработка со електродистрибуција, а по препорака на енергетската заедница со цел да се намали енергетската сиромаштија кај домаќинствата кои не можат да ги подмират сметките за струја.
Овој предлог исто така, опфаќа и принципи врз основа на кои може да се дефинираат критериуми по кои ќе се утврдат домаќинствата кои ќе влезат во категоријата на ранливи потрошувачи, наведуват од комисијата.