| |

РЕКА: БЕЗ РАСЧИСТУВАЊЕ НА „РЕКЕТ“ И БЕЗ ЗАКОН ЗА ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕМА ДА ДОБИЕМЕ ДАТУМ ВО ОКТОМВРИ

Поранешниот македонски дипломат и кандидат за претседател на последните избори, Блерим Река, во неговото гостување во дневникот на тиранската телевизија Ора њуз рече дека Македонија треба да исполни два услова, во спротивно „ќе се збогува од датумот за започнување на преговорите во октомври“, јавува Лидер.

Според Река прво треба да се расветли случајот „Рекет“ за да се покаже капацитет за спроведување на владеењето на правото.

Како втор услов поранешниот дипломат го наведе донесувањето на Законот за јавно обвинителство до 15 септември. Ако тоа не се случи според Река, ние нема да добиеме датум за преговори со ЕУ во октомври.



Слични Објави