РЕМЕНСКИ ДАДЕ ИСКАЗ ЗА „РЕКЕТ“ СЕ ЧЕКА ОДЛУКАТА НА СУДИЈКАТА
Пратеничката Фросина Ременски,во моментот е во Кривичниот суд, пред судија на претходна постапка, јавува Канал 5.
Судијката треба да одлучи дали ќе и одреди некоја од мерките на претпазливост, кои ги бара обвинителката Вилма Рускоска, бидејќи од вчера и Ременски е осомничена во проширената истрага за „Рекет“’.
Денес во судот треба да се појават и таткото на Боки 13, Миле Јовановски, како и неговата асистентка.
За Јасна Мандиќ пак синоќа беше донесена одлука за куќен притвор.

