РЕМЕНСКИ ПО МЕТЛАТА НА ЗАЕВ: ОДЛУКИТЕ СЕ ДОНЕСЕНИ БЕЗ ГРАМ СУЕТА

Пратеничката Фросина Ременски, која синоќа на седницата на Централниот одбор (ЦО) на СДСМ беше разрешена од партиската функција како потпретседателка на партијата, утрово преку се обрати преку социјалните мрежи велејќи дека вчерашните одлуки се донесе без грам суета туку како што личи на луѓе со интегритет и визија.

„Мојата битка за слобода, правда, одговорност и еднаквост не започна со политичките или партиските функции, ниту пак ќе заврши без нив !

Битката за овие вредности на секој слободољубив и правдољубив човек започнува со самото негово раѓање, затоа што човек таков се раѓа и таков умира !

Предизвикот да се издржи на тој пат, колку и да е тежок и трнлив ја покажува вербата и посветеноста на тие идеи и цели, а не вербата во функциите !

Донесените одлуки се донесени, без грам суета, туку одлучно како што личи на луѓе со интегритет и визија за очекувањата !

Доаѓа време за испорака на мотото за кое се боревме и во кое верувавме сите ние, дека: “Одговорност мора да има” и “Никогаш да не се повтори!”.

Му благодарам на претседателот и заменикот претседател на СДСМ, Зоран Заев и Радмила Шеќеринска за довербата.

Борбата продолжува !“- напиша пратеничката Фросина Ременски.