Ретроспективна изложба на дела од Ликовната колонија „Дрен “ во Прилеп

/

Во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп од денеска (26 јануари) ќе биде поставена ретроспективна изложба на дела кои во изминатите десет години биле создадени во рамките на колонијата „Дрен“.

Ќе бидат изложени 20 дела од реномирани македонски и странски уметници – учесници на колонијата, која прилепскиот Центар за култура ја реализира во изминатата деценија.

Ликовната колонија „Дрен“ има мултимедијален карактер и досега учествувале уметници од Македонија, Русија, Бугарија, Србија и од други земји. Уметниците за време на одржувањето на колонијата создаваат дела инспирирани од опкружувањето и луѓето од нашето поднебје.



Колонијата „Дрен“ се одржува во рамките на Прилепското културно лето кое, со поддршка од Министерството за култура, го организира Центарот за култура „Марко Цепенков“.

Претходна статија

Џорџ Фридман: Само Русија има корист од војна на Балканот

Следна статија

„Тоалет за дами“ вечерва премиерно во Велешкиот театар

Најново од Истакнато