|

Ристо Пенов прифатил да биде министер

Поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов, ја прифатил понудата да биде министер за локална самоуправа во владата на премиерот Димитар Ковачевски. Лично Пенов за „360 степени“ потврди дека по консултациите во изминатите денови решил да ѝ се врати активно на политиката и да го води ресорот што ѝ припаѓа на неговата матична Либерлано-демократска партија (ЛДП).

Ако Пенов и официјално биде предложен за министер и Собранието го потврди неговиот избор, тој ќе го наследи се уште актуелниот лидер на ЛДП, Горан Милевски, кој даде оставка.

Слични Објави