РКЕ ќе одлучува за цената на нафтените деривати

/

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе донесе нова одлука за цената на нафтените деривати.

– Предусловите се исполнети, изјави портпаролката на РКЕ, Марина Узунов.

Вчера, РКЕ ја намали цената на Еуросупер БС-95 за 2,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 2 денари. Цената на дизелот и на мазутот остана непроменета.



Според последните цени, ЕУРОСУПЕР БС-95 чини 98,50 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава по цена од 101 денар. Цената на дизел горивото е 100 денари за литар. Непромента останува и цената на мазутот – 50,044 денари за килограм. 

Претходна статија

Коста Црнушанов: Васил Левски и Македонија

Следна статија

ИРЛ, Хелсиншки и здружението на млади правници бараат темелна истрага и одговорност за случајот „Жан Митрев“

Најново од Вести