РОДОВА ЕДНАКВОСТ ВО ТОКИО: МАКЕДОНИЈА НА ЛОИ ЌЕ МОРА ДА ИМА ДВАЈЦА ЗНАМЕНОСЦИ!

/

Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК) донесе одлука со која ја прекрши досегашната стара традиција да има еден знаменосец од секоја земја на дефилето на сортисти на отворањето на ЛОИ, па во Токио ќе има двајца – еден маж и една жена. Ова е начин за да се покаже родовата еднаквост.

ИОК донеле одлука секоја земја која ќе продефилира на едно од најгледаните спортски спектакли, отворањето на ЛОИ, да има по еден маж и по една жена од олимписките тимови што заедно ќе го носат знамето на својата држава, што значи дека и Македонија, која традиционално нема голем број на спортисти, ќе мора да најде пар што ќе продефилира со македонското знаме.

„Ние ги охрабруваме сите олимписки комитети да ја искористат оваа опција. Денеска донесовме одлука со која се менува една традиција. Го сменивме протоколот за дефилето на церемонијата на отворање на Олимписките игри, па маж и жена заедно ќе го носат знамето“, рекол Томас Бах, првиот човек на ИОК.

Точно 206 земји ќе учествуваат во Токио и сите треба да имаат по еден пар на знаменосци. Досега на отварањата на Олимписките игри, било да се летни или зимски, националните олимписки комитети бираа знаменосец, дали е нивната најголема надеж за медал или пак некој што бил успешен на ваквите настани.



ИОК со овој потег сака да покаже дека во спортот и во олимпизмот нема простор за никаква дискриминација, најмалку за родова, како порака и за земји најмногу од арапскиот свет кои не ги почитуваат правата на жените. Саудиска Арабија дури во 2012 година првпат дозволи во нивниот олимписки тим да има жени, а претходно само мажите имаа право да одат на најголемите спортски настани.

Извор: Спорт1

Претходна статија

ОДБРАНАТА ЌЕ ГО ИСПРАШУВА ВЕШТАКОТ НА НОВОТО РОЧИШТЕ ЗА „ЛАСКАРЦИ“

Следна статија

ЗАСИЛЕНИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОРОНАВИРУСОТ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ОХРИД

Најново од Вести