„Ројтерс“: ЕУ го менува предлогот за санкции кон Русија поради приговорите за руската нафта

/

Два извори од Европската комисија потврдија за „Ројтерс“ дека предлогот за нов пакет санкции против Русија е изменет за да им се овозможи на Унгарија, Словачка и Чешка подолг период на прилагодување на забраната за увоз на руска нафта.

Според новиот, изменет предлог, Унгарија и Словачка би можеле да продолжат да купуваат руска нафта до крајот на 2024 година, а Чешка до јуни истата година, под услов да не обезбеди алтернативен извор преку гасовод од јужна Европа, потврдија изворите.

Словачка и Чешка побараа ослободување од наметнувањето ембарго на руската нафта, а Унгарија отворено се противи на идејата за воведување забрана за увоз.



Извор: Temite

Претходна статија

Ахмети: Споменикот на УЧК во Слупчане е според сите законски норми

Следна статија

Mалолетник со мотор прегази пензионер во Куманово

Најново од Вести