| |

Романот „Засолниште во времето“ од Георги Господинов влезе во списокот со номинации за Даблинската литературна награда

Романот „Засолниште во времето“ од Георги Господинов влезе во списокот со номинации за Даблинската литературна награда, соопштија од издавачката куќа „Жанет 45“.

Таа е една од најпрестижните литературни награди во светот по Нобеловите награди. Даблинската литературна награда се доделува од 1996 година, а право на учество на конкурсот освен англојазични автори, имаат и автори кои пишуваат на други јазици и се преведени на англиски јазик.

Романот во превод на Анџела Родел ќе се натпреварува со книгите на Џонатан Франзен, Елиф Шафак, Колм Тојбин, Карл Уве Кнаусгор, добитникот на „Гонкур“, Ерве Ле Телие.

Предлози за номинации можат да бидат направени од библиотеки од целиот свет. Бугарскиот роман е предложен за наградата од Столичната библиотека. За долгиот список одобрени се автори од 31 држава, меѓу кои и Бугарија. Има 29 преведени романи кои доаѓаат од сите континенти.

Скратениот список за наградата ќе биде објавен на 28 март, а името на победникот ќе биде објавено на 25 мај во рамките на Меѓународниот литературен фестивал во Даблин.

Наградниот фонд е во вредност од 100 000 евра, што ја прави најголемата награда дадена за дело во англиското говорно подрачје. Добитници на наградата биле писатели како Орхан Памук, Мишел Велбек, Хавиер Мариас, Херта Милер.

Ова е втора номинација за роман на Георги Господинов.

Слични Објави