Роналдо: Да се игра против Македонија е многу потешко отколку да се игра со Италија

///

Предводникот на Португалија Кристијано Роналдо вели дека Македонија е многу потежок ривал од гигантот Италија.

„Се уште ништо не сме направиле, не сме постигнале. Има уште едно скалило до СП во Катар. Оваа победа над Турција е одлично нешто, но имаме уште еден меч. Мораме да се фокусираме и да не го потцениме противникот. Многу луѓе велат дека Македонија ќе ни биде лесен „залак“. Според мене, да се игра против Македонија е многу потешко отколку да се игра со Италија“

Мечот се игра во вторник, а Португалија е домаќин. Таа синоќа ја совлада Турција со 3:1.



Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Арсовска: За четири месеци се решени повеќе од двојно спорни предмети

Следна статија

Сејдини: Кога ви е потребна инспирација за успех, погледнете ја Македонија, најубавата приказна

Најново од Вести