РОТ ИНТЕГРАЛНО: БИЛАТЕРАЛНИТЕ ПРОБЛЕМИ НЕМА ДА ГИ ПРЕНЕСЕМЕ НА ЕВРОПСКО НИВО

/

По различните интерпретации на синоќешната изјава на државниот министер за Европа на СР Германија, Михаил Рот, предизвикани од грешките во симултаниот превод на англиски, германската амбасада ја испрати интегрално целата негова изјава.

Во продолжение делот што се однесува на проширувањето:

„Уште една трета точка сакам посебно да истакнам: бидејќи во Советот многу години интензивно се бавиме со прашањето на проширувањето и сите вие знаете за конфликтите. Сите ние во април годинава дадовме зелено светло за започнување на пристапни преговори со Македонија и Албанија. За тоа сега сакаме да ги создадеме конкретните предуслови. За жал, во текот на минатите недели се уште не ни успеа да постигнеме консензус за преговарачката рамка, која е предуслов за меѓувладините конференции, кои ние сакаме да ги започнеме уште за време на нашето претседателство со Албанија, доколку се исполнети сите услови, и со Македонија.

Јас сум им многу благодарен на делегациите денес кои јасно дадоа до знаење дека стабилноста и демократијата во Западен Балкан се од централно, стратешко значење за нас. Ние добивме поддршка и за обидите за преговори. Уште еднаш се стави јасно до знаење дека мора да разликуваме меѓу билатерални конфликти, кои на пример, уште постојат за жал меѓу Македонија и Бугарија, и прашања кои се од централно европско значење. Заедно со Комисијата уште еднаш јасно ставивме до знаење дека во потрагата по разумни решенија сакаме да бидеме од помош, сакаме исто како и претходно, да ги отстраниме сите пречки од патот, за да може уште во текот на нашето претседателство да се одржат соодветните меѓувладини конференции. Но, сега не е време, за билатералните проблеми, кои не можеме да ги решиме за неколку дена, недели, да ги пренесеме на европско ниво. Сега е важно да се испрати јасен сигнал на доверливост на Европската унија во правец на Западен Балкан, Македонија и Албанија сработија многу, за и нивното право да се уважи, имено да станат дел од ова европско семејство, тоа е долг и напорен пат, но мора да почне со конкретни преговори“, изјави Рот цитиран од германската амбасада.



Во продолжение погледнете ја изјавата и начинот на кој беше преведена.

Претходна статија

ФИЛИПЧЕ СО ПОРАКА ДО ВМРО-ДПМНЕ:БАРАМ ИТНО ИЗВИНУВАЊЕ ЗА ОВА ГРОЗНО ОБВИНУВАЊЕ ВО СПРОТИВНО ЌЕ ПОДНЕСАМ ТУЖБА ЗА КЛЕВЕТА

Следна статија

(ВИДЕО) СВЕДОШТВО НА КОСТА ДИМЕВСКИ: ЗА ВРЕМЕ НА КРАЛСКА ЈУГОСЛАВИЈА НЕ ТЕРАА ДА СЕ ПИШЕМЕ СРБИ

Најново од Вести