Румен Радев: Успехот на Никола Веселинов на конкурсот „Млад научник“ во САД е голем успех за Бугарија
Освоеното прво место од Никола Веселинов на конкурсот „Млад научник“ во САД не е само признание за неговото знаење и труд, туку и огромен успех за Бугарија. Ова го изјави премиерот Румен Радев на средба со ученикот од Софиската математичка гимназија Никола Веселинов и неговиот научен ментор Мирослав Маринов, соопшти бугарската Влада.
Румен Радев изрази надеж дека овој уште еден значаен успех на бугарски ученик во областа на математиката ќе поттикне повеќе млади луѓе во земјата да го следат неговиот пример. Никола Веселинов, од своја страна, го истакна значењето на систематската научна дејност што води до успехот.
Мирослав Маринов го истакна значењето на дејноста на Ученичкиот институт за математика и информатика за развојот на потенцијалот на бугарските ученици и го нагласи значењето на неговото партнерство со бугарската Влада и надлежните институции.
