Русија се откажа од главната цел од почетокот на војната

/

Кога започна војната во Украина, која Москва сè уште ја нарекува „специјална воена операција“, причината беше наведена дека украинската влада наводно била наклонета кон нацизмот.

Како една од главните цели во тоа време се споменуваше промената на власта во Киев.

Русија сега се откажа од тоа.

Во Русија веќе „не е на повидок“ промена на власта во Украина, соопшти Кремљ.

Ова претставува голема промена во целите на Кремљ, иако со месеци е јасно дека Москва не е во состојба да ја собори владата во Украина.

Но, кога започна руската инвазија, Москва јасно стави до знаење дека сака да ја собори украинската влада и да постави свое раководство.

Во тоа време се стравуваше за животот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој остана во главниот град на земјата и покрај лажните информации кои кружеа дека побегнал.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, сега изјави дека неговата земја нема намера да ја менува власта во Украина.



Претходна статија

Учениците што следат настава на бугарски јазик во Босилеград добија нови учебници

Следна статија

Мазут веќе се употребува во топлана Скопје Север, но никој не следи колку таа загадува

Најново од Вести