РУСКИ НАУЧНИК ОБЈАВУВА КРАЈ НА ПАНДЕМИЈАТА: ЕВЕ КОГА ЌЕ ЗАВРШИ, НО КОРОНАТА ЌЕ ОСТАНЕ СО НАС

Короната вирусот ќе остане, но пандемијата „ковид 19“ ќе заврши следната година, изјави генералниот директор на Рускиот државен научен центар „Вектор“, доктор по биолошки науки Ринат Максјутов на онлајн фестивалот „Sajens bar hoping“. „Вирусот ќе остане, но самата пандемија ќе исчезне. Сигурен сум дека ќе биде во 2021 година “, потенцираше Максјутов. Тој прецизираше дека пандемијата, кога бројот на заразени лица ќе се зголемува секој ден, ќе заврши веднаш штом ќе се формира колективниот имунитет. За тоа, потребно е да се вакцинира околу половина од населението. На 11 март, Светската здравствена организација објави епидемија на новиот корона вирус. Според последните податоци, досега во светот биле заразени над 62,8 милиони луѓе, од кои повеќе од 1,4 милиони починале. Во моментов има повеќе од 17,9 милиони активни случаи во светот.

loading...



loading...