КРЕШНИК БЕКТЕШИ: ТРГОВЦИТЕ НА МАЛО ЌЕ РАБОТАТ В НЕДЕЛА, А ЌЕ ИМА ИЗМЕНИ ЗА ТИЕ НА ГОЛЕМО

Крешник Бектеши, министерот за економија, на денешната прес-конференција, меѓудругото рече дека со законското решение кое го подготвува Министерството за труд и социјална политика, веќе направена е анализа во секторите трговија, занаетчиство, туризам и угостителство, кои се под надлежност на неговиот ресор.

loading...
  • Анализиравме како тоа ќе се одрази на Законот за трговија и тоа значи дека кај трговијата на мало нема да има промени и тие ќе работат в недела, додека кај трговијата на големо ќе има промени за кои дополнително ќе отвориме дебата со коморите, рече Бектеши.

Министерот додаде дека под трговија на големо се мисли на големите супермаркети и магацини. Вели дека за нивното неработење во неделите има неколку опции кои Министерството за економија ќе ги испратиме на разгледување во Владата.

loading...

Бектеши додаде дека за угостителите и туристичките компании мислењето е дека не треба да се направат никакви законски измени во периодот што следува и дека тие ќе продолжат да работат и в недела.