| |

Руско МНР за Стратегијата за Западен Балкан: Нашиот став не е „Со нас или против нас“

Русија не гледа никакви пречки во развојот на односите со земјите кои сакаат да станат членки на Евроската Унија и и кон нив не пристапува по принципот „со нас или против нас“, изјави вчера на прес-конференција портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова прашана за коментар на Стратегијата на Европската комисија за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан, меѓу кои е и Македонија.

Захарова не сакаше да ја коментира Стратегијата, посочувајќи дека првин „треба да ја проучат“, а потоа ќе ги „споделат проценките“.

– Што се однесува до нашите односи и со земјите од Западен Балкан и со земјите од Европската Унија тие имаат суштинска вредност за нас. Ние ги развиваме односите со овие држави, како и со интегративните асоцијации во кои тие припаѓаат – рече Захарова, одговарајќи на прашањето како руското МНР ја оценува Стратегијата на Европската комисија и какво влијание ќе имаат таа на односите на Москва со земјите од овој регион и со Европската Унија.

Таа истакна дека позицијата на Русија секогаш била јасна по ова прашање.

– Ние, се разбира, тргнуваме од членството во ЕУ и соодветните обврски на земјите од Унијата, и се залагаме за хармоничен развој во неколку правци, како во билатералниот формат, така и формат на Унијата. Што се однесува до оние змеји кои не се членки на ЕУ и го разгледуваат нивното членство или поблиска интеракција со Европската Унија, не гледаме никакви пречки во развојот на односите со нив и никогаш не го поставивме прашањето „со нас или против нас“. Ние секогаш сме за усогласување на овие односи. Ние веруваме дека практиката и искуството покажуваат дека таквиот пат е можен – изјави Захарова.

Извор: Мета

Слични Објави