| |

РУСКОСКА: ПОСТОЈАТ АУДИО И ВИДЕО СНИМКИ ЗА СЛУЧАЈОТ

Во рамки на истрагата која денеска ја отвори Обвинителството за организиран криминал и корупција за примање награда за противзаконито влијание и перење пари, каде осомничени се Бојан Јовановски – Боки 13 и бизнисменот Зоран Милевски – Зоки Кичеец, извршени се претреси на неколку локации. Тие се осомничени дека убедувале осомничено лице во истрага на СЈО, оти се поврзани со јавниот обвинител кој ја води истрагата и можат да ја прекинат или олеснат постапката, а за тоа барале вртоглави суми на пари.

Боки 13 заврши во притвор. Како што соопшти обвинителката Вилма Русковска во изјава за медиумите откако заврши распитот на осомничените, претрес е правен во нивните домови, но и во домот на родителите на Јовановски, како и во канцеларијата која тој ја користел во 1 ТВ.

Кај обвинителките не се вршени претреси. На обвинителката одземен ѝ е само телефонот.

– Да видиме за комуникација помеѓу јавниот обвинител и осомничениот – рече Русковска која во нејзината изјава поради презумцијата на невиност не спомна ниту едно име на осомничен или обвинител.

На новинарско прашање, дали во доказите има обележани пари и снимки, обвинителката рече дека обележани пари нема, но има аудио и видео снимки.

Слични Објави