| |

РУСКОВСКА ГО ЦИТИРА ДЕЛЧЕВ, А ВЕЛЈАНОВСКИ, ЈАНАКИЕСКИ, РИСТОВСКИ И АТАНАСОВСКИ НЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ВИНОВНИ ЗА 27 АПРИЛ

Во Основниот кривичен суд во Скопје за денеска се одржува ново рочиште за случајот за организацијата на настаните во Собранието на 27 април 2017 година. Во предметот обвинети се поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и бившиот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

„За да добиете целосна слика за овој настан, замислете мозаик. Секој од ове обвимети, претставува коцка од мозаикот. Доколку едната коцка ја нема, мозаикот не би бил целосен и ме би функционирал. Сигурна сум дека ќе слушнеме дека Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски се наоѓале во штабот, Трајко Велјановски бил во собранието и не знаел за никаков план за упад во собранието. Вистината е дека Ристовски и Јанакиевски организирале превоз за поголема масивност на луѓе кои ќе влезат во собранието. Ќе ги чуете и какви пораки се испраќани при организација на овој настан“, изјави Русковска во воведните зборови.

Обвинителката воведните зборови ги заврши со цитат од Гоце Делчев.

„Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков
пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа“.

Обвинетиот Трајко Велјановски се произнесе дека не се чувствува за виновен.

„Не се чувствувам ни најмалку виновен. Станува збор за класичен политички монтиран случај од актуелната власт“, изјави Велјановски.

Дека не се чувствуваат виновни, се произнесоа и Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски и Владимир Атанасовски.

Слични Објави