| |

САД ја поддржуваат иницијативата на ЕУ за користење на замрзнатите руски средства како помош за Украина

САД целосно го поддржуваат планот на ЕУ да искористи околу 185 милијарди евра замрзнати руски државни средства за помош на Украина. Вашингтон смета дека средствата може да послужат како важен инструмент на притисок врз Москва, јавува БГНЕС.

Иако вкупно 210 милијарди евра руски средства се блокирани во Европа, проектот се одолговлекува поради забелешки од Белгија, каде што е лоциран најголемиот дел од фондовите. Москва предупреди на „болезнен одговор“ доколку тие бидат засегнати.

САД и нивните сојузници веќе замрзнаа околу 300 милијарди долари руски државни средства по почетокот на инвазијата во 2022 година. Дополнително, претседателот Доналд Трамп неодамна воведе санкции против „Роснефт“ и „Лукојл“ со цел да се намалат приходите на Кремљ и да се засили притисокот за мир.



Слични Објави