„Ден на Бугарија“ се одржа во розовата градина во јапонскиот град Кавасаки
Во розовата градина во градот Кавасаки, префектура Канагава, на 3 ноември се одржа настанот „Ден на Бугарија“, соопшти Бугарската амбасада во Токио, пренесува БТА.
Претставници на амбасадата присуствуваа на фестивалот, а дипломатот Илијана Костова упати поздрав и ја изрази подготвеноста на мисијата да соработува со општината Кавасаки за трајно вклучување на настанот во календарот на розовата градина.
Посетителите имаа можност да дегустираат бугарска кујна и да разгледаат информативни панели за Бугарија, подготвени од амбасадата со поддршка на бугарското Министерство за надворешни работи.
Розовата градина Икута Рјокучи ќе биде реновирана во наредните пет години, а 3 ноември беше последниот ден отворен за посетители оваа сезона.

