|

САД планираат нови санкции кон Русија, ќе бидат насочени кон клучните индустрии

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден планира да воведе нови извозни контроли и нова рунда санкции кон Русија, насочени кон клучните индустрии, објави Блумберг, цитирајќи луѓе запознаени со ова прашање.

„Новите санкции ќе бидат насочени кон рускиот одбранбен и енергетски сектор, финансиски институции и неколку поединци“, се вели во извештајот. Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа одби да коментира кога беше контактиран од Ројтерс.

„Предлогот на Европската унија за нови санкции вклучува ирански ентитети за кои се верува дека и снабдуваат на Русија дронови и други воени материјали, технологии, компоненти, тешки возила, електроника“, се вели во извештајот.

На почетокот на овој месец, Соединетите Држави воведоа нови санкции против Русија насочени кон седум лица, меѓу кои шест Руси и еден Украинец, по што Русија им забрани на 77 американски државјани да влезат во земјата како одмазда.



Слични Објави