|

САД воведуваат санкции за српската нафтена компанија НИС поради „Гаспром“

По петкратно одложување од почетокот на годината, САД ќе воведат санкции кон компанијата НИС – Нафтна индустрија Србије, поради мажоритарниот удел на руската компанија „Гаспром“ во неа, јавува БНР.

Ова го соопшти српскиот претседател Александар Вучиќ во Њујорк, каде што учествува на годишната дебата на Генералното собрание на ОН, по средбата со претставници на администрацијата на Доналд Трамп.

НИС е сопственик на единствената рафинерија во Србија – во Панчево – а државата има само 29,9 проценти од акциите. Според Вучиќ, санкциите ќе стапат во сила на 1 октомври, што може да предизвика сериозни проблеми: недостиг на нафтени деривати и прекин во исплатата на плати за вработените во НИС, бидејќи ниту една банка нема да сака да работи со Русите поради ризикот од санкции.

„Да почекаме, можеби ќе се случи чудо до 1 октомври. Но не очекуваат тешки времиња и тешка зима. Ќе направиме сѐ за граѓаните да имаат топла зима, за нивните домови и да не се грижат како ќе ги полнат автомобилите“, изјави српскиот претседател.

Тој додаде дека Србија е индиректна жртва на односите меѓу Западот и Русија и дека земјата ќе плати висока цена за тоа.

Слични Објави