|

Само 5 градови со двоцифрен број на активни на корона – Eве ја состојбата во цела држава

Во претходното деноноќие беа регистрирани пет новозаразени со коронавирус од 2531 тестирање, 86 оздравени и еден починат – 76-годишен пациент од Виница.

Од почетокот на епидемијата минатиот февруари, бројот на КОВИД-дијагностицирани во земјава досега е 155 689. Оздравени се 150 063, починати 5485, а вкупно има 141 активен случај.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата на активни по градови е следна: Скопје 60, Куманово 10, Прилеп 6, Тетово 14, Битола 5, Велес 4, Гостивар 1, Кавадарци 2, Охрид 11, Штип 1, Струмица 6, Кичево 13, Свети Николе 1, Крива Паланка 2, Берово 2, Дебар 1, Кратово 1, Македонски Брод 1

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека продолжува трендот од минатата недела на опаѓање на бројките на новодијагностицирани, но дека надлежните се многу внимателни во однос на следењето на состојбата со коронавирусот, пред сè, со индискиот сој кој се појави во повеќе земји.

Ширењето на вирусот може да се спречи, рече Филипче, ако нема групирање и со свесност на граѓаните за почитување на мерките препорачани од Комисијата за заштита од заразни болести.

Рече дека сè уште нема дозвола за работа на затворените дискотеки и, веројатно, нема ни да има во текот на летото зашто е доволно во овој период тие да работат на отворено, со што ќе се избегне дополнително групирање.

Покрај почитување на мерките, важно е и вакцинирањето како единствениот начин да се победи пандемијата. Министерот апелираше дека со вакцините ќе се заштитиме и ќе амортизираме евентуален нов бран наесен.



Слични Објави