Сандански ја доби наградата SMARTOURISM BG 2026 во категоријата „Паметна туристичка дестинација“
Општина Сандански во Бугарија ја доби наградата SMARTOURISM BG 2026 во категоријата „Паметна туристичка дестинација“, јавува Пиринско. Признанието следува по претставувањето на Сандански во Брисел, каде што градот се најде меѓу осумте финалисти за титулата „Европска престолнина на туризмот 2027“.
Од Општината посочија дека наградата е признание за нивните напори да го развиваат Сандански како современа, одржлива и конкурентна туристичка дестинација. Според Општината, туристичката понуда на Сандански ги обединува природните богатства, минералните извори и културно-историското наследство со нови пристапи во туризмот.
„Им благодариме на туристичкиот сектор и на сите што со својот труд, идеи и посветеност придонесуваат за развојот на нашата општина!“, порачаа од Општина Сандански. Оттаму оценија дека наградата е уште еден чекор кон зацврстување на местото на Сандански на туристичката карта на Европа.
