| |

САНИРАНИ ШТЕТИТЕ ОД НЕВРЕМЕТО ШТО ГО ПОГОДИ СИНОЌА СКОПЈЕ

До раните утрински часови екипите на Град Скопје ги санираа штетите предизвикани од ветерот кој синоќа дуваше со брзина од 70 километри на час.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на својот Фејсбук профил известуваше за санирањето на штетите, а утринава изрази благодарност до службите на градот.

„Голема благодарност до службите на градот коишто неуморно работеа до раните утрински часови со цел да се отстранат препреките од улиците на Скопје. Се гордеам со Вас добри луѓе!!!“, напиша Шилегов.

Од невремето најпогодена беше општината Карпош каде ветрот откорна дрва и кровни конструкции.

Слични Објави