| |

САНКЦИОНИРАНИ ШЕЕСЕТИНА ВОЗАЧИ ЗА ПРЕБРЗО ВОЗЕЊЕ ВО ГОСТИВАРСКО

Во последната акција на полицијата, вчера биле казнети 61 возач за пребрзо возење.

Од нив, 15 го надминале ограничувањето за повеќе од 70 километри на час.

Според СВР Тетово, вчера во периодот од 9 до 16 часот, на поширокото гостиварско подрачје била спроведена акциска контрола за брзина со која се движат возилата надвор од населено место.

– При контролата биле откриено и законски санкционирано 61 возило кое ја пречекорило максимално доволената брзина, од кои 15 за повеќе од 70 километри на час, а 31 од 50 до 70 километри на час, наведуваат од СВР Тетово.

Таква акција исто така имало и на тетовското подрачје. По контролните активности биле изречени вкупно 25 мерки за пречекорување на брзината во населено место, меѓу кои три за пречекорување повеќе од 50 километри на час.

Ваквите активности ќе продолжат и во наредниот период, посебно на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје и на околните регионални патишта, чија цел е навреме да се откријат и санкционираат пребрзите возачи и да се придонесе за поголема сообраќајна безбедност на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово.



Слични Објави