| |

„Сапорт Кочани“ обезбеди специјализирана компресивна облека за настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“

Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ испорача 176 парчиња специјализирана компресивна облека за лицата погодени од пожарот во Кочани. Вредноста на оваа набавка изнесува 2.193.047 денари, обезбедени целосно од донации на граѓани, компании и поддржувачи од земјата и дијаспората. Со оваа пратка, вкупната вредност на досегашните три испораки надмина 3,4 милиони денари. Облеката е предадена на Општата болница во Кочани за правилна рехабилитација и побрзо заздравување на пациентите.

Според иницијативата, станува збор за втора тура нарачки за првите две групи корисници. Секој артикл е индивидуално изработен според медицинските индикации и мерки. Изразена е благодарност кон сите донатори, како и кон компаниите Julius Zorn GmbH и Health 2000, кои обезбедиле навремена и квалитетна медицинска поддршка.

Иницијативата најави и натамошна координација со болницата за покривање на преостанатите индивидуални потреби на пациентите во постоперативната и рехабилитациската фаза.

Слични Објави