САУДИ ЕРЛАЈНС РЕГРУТИРА КАНДИДАТИ ОД МАКЕДОНИЈА

//

Водечката авиокомпанија од Блискиот Исток, и една од топ 5 најголеми авиокомании во светот, Сауди ерлајнс (Saudia Airlines), објави оглас за регрутирање на кандидати од Македонија.

Оваа авиокомпанија, која во 2017 година е избрана за „Најподобрената авиокомпанија“, сега отвора можност за младите и амбициозни луѓе од Македонија да станат дел од нивниот тим. Исклучителни услови и значителни бенефиции како здравствено осигурување, платен одмор, придобивки за купување билети за разни дестинации, конкурентна плата ослободена од данок и применлив додаток, како и целосно наместено и климатизирано сместување што следува за идните вработени.

Доколку ги исполнувате критериумите и мислите дека оваа кариера е вистинска за вас пријавете се до 16 ептември на saudia.recruitment.mk@clipcon.net приложувајќи CV, 2 фотографии (една со големина за пасош и една целосна од кандидатот), копија од завршен курс по англиски, скениран пасош или лична карта.

Избраните кандидати ќе бидат повикани на прелиминарно интервју (прв круг) што ќе се одржи во Скопје, а оние кои ги исполнуваат критериумите во првиот круг ќе бидат поканети на финалното интервју со претставници на Сауди ерлајнс, кое исто така ќе се одржи во Скопје.



Saudia Airlines се основани во 1945 година и е национална компанија на Кралството Саудиска Арабија, чија флота од 149 авиони лета до повеќе од 80 светски дестинации. Компанијата е составена од меѓународни професионалци и вработува луѓе од повеќе од 50 земји.

Извор: МКД.мк

Претходна статија

ОД ДЕНЕСКА АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВОЗАТ ПО ЗИМСКИ ВОЗЕН РЕД

Следна статија

БИТОЛЧАНЕЦ ОСОМНИЧЕН ДЕКА ИЗМАМИЛ СОГРАЃАНИН ЗА ЧЕТИРИ МИЛИОНИ ДЕНАРИ

Најново од Вести