| |

СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на “српскиот свет“ и да ја врати Северна Македонија на европскиот пат

Странка на демократска акција на Македонија (СДА Македонија) го поздравува усвојувањето на извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Северна Македонија. Сметаме дека овој документ ги одразува реалните состојби во државата и овозможува вистински преглед што властите треба да направат за Северна Македонија да почне да гради просперитетна иднина за своите граѓани, како демократска, функционална, праведна и европска држава.

Ја повикуваме Владата и парламентарното мнозинство да го спречат негативното влијание на “српскиот свет“ и да ја вратат Северна Македонија на европскиот пат. Влада која мисли на граѓаните не треба да го игнорира Извештајот за напредокот на Северна Македонија, таа треба сериозно да се посвети на реформите кои ЕУ ги бара од нашата држава.

Република Северна Македонија треба да го искористи следното проширување на ЕУ со Црна Гора и Албанија, за да ја оствари својата стратешка цел. Оваа цел е достижна за нашата држава, но власта треба да се откаже од изолационистичката политика и интезивно да се посвети на спроведување на потребните реформи.

Ја повикуваме Владата да ја прифати подадената рака од опозицијата за остварување на стратешката цел и Северна Македонија да биде дел од европското семејство до 2030 година.

СДА Македонија,

Скопје,

22.06.2026 год.

Слични Објави