СДА Македонија: Власта со укинувањето на техничката влада заокружи цел циклус на деструктивни политики
Со укинувањето на техничката влада, која претставуваше контролен механизам на опозицијата за организирање на фер и демократски избори, власта и парламентарното мнозинство заокружија цел циклус на деструктивни политики кон Северна Македонија и нејзините граѓани. Како демагогија го оценуваме обидот на власта укинувањето на техничката влада пред избори да го претстави како реформа.
Посебно имјаќи предвид дека токму ВМРО – ДПМНЕ кога беше опозиција бараше контролниот механизам на техничката влада да остане додека Северна Македонија стане членка на Европската Унија. Како политичко лицемерие го оценуваме однесувањето на ЗНАМ и ВЛЕН, кои од желбата да ги зачуваат своите места во Владата, со својата реторика и со своето политичко делување целосно се ставени во функција на деструктивната политика на ВМРО-ДПМНЕ.
Оваа деструктивна власт и нејзиното парламентарно мнозинство во овие две години успеаа да заокружат цел циклус на деструктивни политики кои имаат негативно влијание врз квалитетот на животот на граѓаните, како и врз остварувањето на стратешките цели на Северна Македонија. Таксативно ќе ги наброиме:
- Власта на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ го сопре патот на Северна Македонија кон ЕУ.
- Власта со јасна намера ја изложи Северна Македонија на негативно влијание на “српскиот свет“.
- Власта држејќи ја минималната плата под секое достоинствено ниво, одбра да работи за интересите на олиграхијата, против интересите на работниците.
- За да ги избегне контролните механизми на ММФ, власта се задолжуваше кај авторитарниот режим во Унгарија на Виктор Орбан, иако знаеше дека Орбан е прокси на Путин во ЕУ.
- Власта одбива преку нов закон за рестриктивни мерки да ги санкционира корумпираните политичари и луѓе од бизнисот кои се наоѓаат на “Црните листи“ на САД, В.Британија и ЕУ
- Власта наместо суштински реформи во судскиот систем спроведува целосна партизација.
- Власта наместо професионализација врши партизација и на јавната администрација.
- Власта без договор со опозицијата, ја укинува техничката влада за да избегне контролен механизм за организирање на фер и демократски избори.
Власта има јасна намера да од Северна Македонија направи “црна дупка“ во регионот, без демократски вредности, ослободена од контролните механизми на ЕУ и меѓународните фактори, без контролни механизми и во домашниот политички систем, се со цел да владее авторитарно, секако проследено со коруптивни шеми и бизниси, стои во објавата на СДА Македонија.
