|

СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ ПРОДОЛЖУВААТ ПО СТАРО: ОВОЈ ПАТ „БОМБА“ СО МИЦКОСКИ И КИЧЕВСКИОТ

На Јутјуб денеска е објавена нова аудио снимка на која се слуша разговор, како што се наведува,  меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Зоран Милески – Кичевскиот кој е осуден за „Рекет“ и едно женско лице.

Тие разговараат во врска со Законот за јавното обвинитество, и за „предмет, кој се уште не е завршен“.

„Овој закон за јавно обвинителство, ако помине вака како што мислат да помине, тој предмет не е завршен. Напротив, да знаете. Единствен којшто се бори во моментов сум јас“, се слуша во разговорот од аудиоснимката.

Гласот за кој се наведува дека е на Мицкоски вели и дека добил помош кога му требало и кога му било најтешко, за долговите што ги оставило претходното раководство во партијата.



Слични Објави