СДСМ: СЕ ОБНОВУВА УНИШТЕНОТО ЗЕЛЕНИЛО, СЕ МЕНУВА НЕЕКОЛОШКИОТ НАЧИН НА ГРЕЕЊЕ, СЕ НАБАВУВААТ ЕКО АВТОБУСИ
Долгогодишниот комплексен проблем со аерозагадувањето што 11 години беше игнориран од ВМРО-ДПМНЕ денес се решава постојано и системски со целосна ангажираност на сите институции на локално и на национално ниво, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.
Со силен порив се обновува зеленилото што цела деценија беше загрозувано поради криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ.
Општина Карпош вчера ја заврши акцијата за засадување при што беа засадени 200 високовлатитени и повеќегодини дрва на различни локации во општината. Слична акција се спроведе и во општина Аеродром кадешто беа засадени 1.800 садници.
Обезбедени се средства и започнат е процесот на набавка на 40 еколошки автобуси за потребите на ЈСП Скопје кои ќе треба да заменат дел од старите нееколошки автобуси. Автобуси на еколошки горива се набавуваат и во Прилеп и во Битола.
Истовремено, засилен е инспекцискиот надзор и контрола врз загадувачите, за што се издадени мандати казни на голем број правни и физички лица загадувачи.
Преку субвенционирање на трошоците за набавка на еколошки печки на пелети и инвертори, позитивно се влијае врз намалувањето на загадувањето што доаѓа од домаќинствата, но и јавните установи кои се затоплуваат на стар, скап и нееколошки начин.
Проблемот со загадувањето е сложен, но сите надлежни институции низ здружена координирана акција активно се борат против сите извори на загадување.
Низ сеопфатен, системски пристап се решава долгогодишниот проблем со загадениот воздух, со цел веќе за две години нивото на загадување да биде намалени за 50 отсто во Скопје и останатите поголеми градови и од 30 до 50 отсто во цела Македонија,
се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.