ЛИКОВЕН ХЕПЕНИНГ ВО ЧИФТЕ АМАМ

Националната галерија на Македонија по повод 1-ви јуни Меѓународен ден на детето во објектот Чифте амам во 11 часот организира ликовен хепенинг на тема “Пеперутки во боја“ …

Учениците од скопските основни училишта „Кирил и Методиј“, „Крум Тошев“, „Никола Вапцаров“, „Глигор Приличев“ како и децата со Даунов синдром од Здружението ДАМА-Ел.ќе ги покажат своите вештини креирајќи пеперутки во сите нијанси и бои, како најдобар индикатор за здрав и балансиран еко систем.

Националната галерија на Македонија ги поканува сите граѓани на Скопје да земат учество на овој несекојдневен ликовен настан.