| |

ОДЛОЖЕНО РОЧИШТЕТО ЗА НАСИЛСТВАТА ВО ЦЕНТАР- ОБВИНЕТИОТ НА СЛУЖБЕН ПАТ

Денешното рочиште за насилствата во општина Центар е одложено за 6 јуни, бидејќи еден од обвинетите, Александар Трајковски заминал на службен пат во Хрварска.

За насилството пред објектот на Општина Центар што се случи во 2013 година првообвинет е екс премиерот Никола Груевски. Освен него, обвинети се и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова и уште девет лица. Тие пред судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петтообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни.

Обвинетите во предметот се товарат за поттикнување насилството пред општина Центар во јуни 2013 година.

Слични Објави