|

Бугарија испрати товарен воз со монтажни куќи за Турција

Заменик министерот за транспорт и врски Красимир Папукчииски и амбасадорката на Турција Ајлин Секизќок испратија товарен воз со 36 монтажни куќи за настраданите од разорните земјотреси во Турција.

Превозот е обезбеден на две релации по рутата станица Курило – Свиленград источна граница – Капакуле – Халкали, а превозник е БДЖ-Товарни превози ЕООД. Досега како дел од бугарската помош за Турција се испорачани 12 вагони со 36 куќи.

„По средбата меѓу вицепремиерот Христо Алексиев и турскиот амбасадор, постигнавме разбирање за испорака на помош со воз на најпогодените од земјотресот во Турција“, рече заменик министерот Папукчииски и нагласи дека Бугарија ќе продолжи да ја обезбедува неопходна помош во иднина.

Амбасадорката на Турција Ајлин Секизкок уште еднаш изрази благодарност до бугарската држава и до сите донатори за укажаната помош.

Слични Објави