|

СДСМ: Скандалот со криминалните парцели води директно до „белиот дворец“ на ВМРО-ДПМНЕ

Македонската јавност деновиве е сведок на голем скандал кој директно води до „белиот дворец“ и луѓе блиски на Христијан Мицкоски, посочуваат од СДСМ.

Како што велат од таму, неколку луѓе, кои се поврзуваат со ВМРО-ДПМНЕ, купиле или добиле на дар парцели земјиште во општина Делчево, сите вредни околу 40.000 евра.

Според партијата, истите парцели две-три недели подоцна биле продадени и за 40 пати повеќе од пазарната вредност или за вкупно 1,6 милион евра.

„Истрагата треба да даде одговор на прашањето дали разликата од над 1,5 милион евра завршила во нечии џебови или директно во ‘белиот дворец’?

Во медиумите се споменуваат повеќе имиња, сите поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, како Игор Г, поранешен претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Т, поранешен советник на ВМРО-ДПМНЕ, но и други лица.

Но, овој скандал добива драстично поголема димензија бидејќи едно од вмешаните лица е и Влатко Илиевски, дел од обезбедувањето на Христијан Мицкоски.

Договорот за купопродажба на Илиевски, телохранителот на Мицкоски е вреден 500.000 евра“, се наведува во соопштението на СДСМ во кое се додава дека јавноста заслужува и мора да знае каква е поврзаноста на Мицкоски со овој скандал.



Слични Објави