СЕ КРЧКА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО: УСВОЕНИ 1О АМАНДМАНИ ОСТАНУВААТ УШТЕ 41
Собраниската Комисија за европски прашања на продолжението на денешната седница усвои десет амандмани поднесени на Предлог-законот за јавно обвинителство. Како што информира претседателот на Комисијата, Артан Груби, претстои усогласување на работните групи за преостанатиот 41 амандаман, јавува Фокус.
„Вкупно беа поднесени 54 амандмани на Предлог-законот, од кои три беа повлечени и 51 се во процедура. Десет амандмани денеска усвоивме, остануваат уште 41 амандман“, изјави Груби.