| |

Регионот Тараклија во Молдавија и романскиот округ Јаш ги продлабочуваат културните врски преку партнерство меѓу ансамблите „Родољубие“ и „Константин Арвинте“

Тараклискиот ансамбл за бугарски народни песни и ора „Родољубие“ во Молдавија и професионалниот уметнички ансамбл „Константин Арвинте“ од Јаш, Романија, на 18 септември во Тараклија потпишаа договор за соработка во областа на културно-уметничкиот менаџмент за периодот 2026–2029 година, јавува БТА.

Договорот го потпишаа директорката на „Родољубие“ Нина Автутова и менаџерот на „Константин Арвинте“ Петре Шушу. Соработката предвидува заеднички настапи, турнеи, фестивали и уметнички проекти во Молдавија и Романија, како и размена на искуства меѓу двете културни институции.

Предвидена е и размена на делегации и работни посети на диригенти, кореографи, вокални и инструментални солисти, танчари и истражувачи на фолклорот, со цел зачувување и промовирање на традиционалното културно наследство и размена на професионални искуства.

Автутова оцени дека договорот е израз на меѓусебна доверба и почит и отвора нови можности за културна размена и заеднички уметнички проекти. Шушу соопшти дека првиот заеднички концерт на двата ансамбла би можел да се одржи уште во декември годинава.

Договорот се надоврзува на партнерските односи меѓу округот Тараклија и округот Јаш, воспоставени со договор за соработка во 2022 година. Потпишувањето се одржа ден пред 25-тото издание на „Etno Fest Taraclia“, на кое настапуваат двата ансамбла.



Слични Објави