|

Се намалува бројот на заразени и починати од Ковид-19

Во минатата недела се направени 14.873 тестови, а регистрирани се 1.602 нови позитивни случаи во 30 градови во државата-што е намалување од 5,4 насто во однос на претходната седмица. Процентот на позитивност се движи во просек до 10,2 насто.

Речиси 50 проценти помалку починати од Ковид-19 во изминатите седум дена-покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 28-ми март до 3-ти април годинава.

Продолжува намалувањето и на бројот на новозаболени и хоспитализирани. Во минатата недела се направени 14.873 тестови, а регистрирани се 1.602 нови позитивни случаи во 30 градови во државата-што е намалување од 5,4 насто во однос на претходната седмица. Процентот на позитивност се движи во просек до 10,2 насто.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје. Најмногу заболени има на возраст од над 60 години, а најмал бројот кај возрасната група до девет години.

Во изминатата недела се пријавени 12 смртни случаи. А, во последната ковид статистика од направените 1.024 тестови, регистрирани се 41 нов случај на Ковид-19, од нив 10 се реинфекции. Едно лице починало, а дополнително преку Мој термин се пријавени уште два смртни случаи од 15-ти март.

Слични Објави