СЕ ОЧЕКУВА ТРАМП ДА ЈА ПОТВРДИ ЛИКВИДАЦИЈАТА НА АБУ БАКР ЕЛ-БАГДАДИ
Во американска воена операција во Сирија се верува дека е убиен лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ел-Багдади, пренесоа сите светски агенции.
Неименуван американски претставник за агенцијата АП изјави дека ел-Багдади синоќа бил цел на напад на нивните сили во Идлиб и дека се очекува потврда дека тој навистина е убиен во акцијата на американските специјалци.
Американскиот претседател Доналд Трамп, синоќа на „Твитер“ напиша: „Нешто големо штотуку се случи“.
Портпаролот на Белата куќа, Хоган Гидли, изјави дека Трамп во текот на денот ќе има обраќање по овој повод.
Ирак, од друга страна, за „Ројтерс“ веќе потврди дека има информација од свои извори во Сирија дека ел-Багдади е убиен, во напад на американски специјални единици врз ќелија на групата.

