СЕ СМИРУВААТ ТЕНЗИИТЕ ВО ТОРИНО: РОНАЛДО МУ СЕ ИЗВИНИЛ НА КАПИТЕНОТ НА ЈУВЕ!
Во претходните неколку дена беше ептен бурно во Торино, откако тренерот Маурицио Сари реши да го повлече од игра Кристијано Роналдо во 55. минута од мечот против Милан, по што Португалецот се изнервира и го напушти стадионот пред крајот на натпреварот.
Дел од јавноста очекуваше казна за ѕвездата на Јувентус, но такво нешто не се случи. Португалецот ја сфатил својата грешка, па во понеделникот, според италијанските медиуми, му се јавил на Џорџо Кјелини и му раскажал што се случило.
Роналдо се извинил поради неговата постапка и се правдал дека се налутил сам на себе затоа што не можел да даде максимум на натпреварот против Милан.
Португалецот наскоро ќе има разговор со Павел Недвед и Фабио Паратичи, па потоа ќе им се извини на останатите соиграчи.
Извор: Спорт1

