СЕ УРНА ХЕЛИКОПТЕР СО ДИРЕКТОРОТ НА ФИЛИПИНСКАТА ПОЛИЦИЈА

//

Хеликоптерот кој го превезувал директорот на филипинската национална полиција, Арчи Гамбоа, се урна при полетување во провинцијата Лагуна, јужно од Манила, соопшти полицијата.

Гамбоа се здобил со полесни повреди, а другите двајца генерали на полицијата се во критична состојба, јавуваат локалните медиуми.

Гамбоа и седум други се примени во болница на лекување.

За време на полетувањето хеликоптерот случајно закачил жица со висок напон, соопшти полицијата.



Хеликоптерот потоа се запалил, според извештаите на медиумите.

Извор: Макфакс

Претходна статија

ЗЕМЈОТРЕС ПОЧУВСТВУВАН ВО СТРУМИЦА И ВАЛАНДОВО

Следна статија

ЛЕГЕНДАРНИОТ РОНАЛДИЊО УАПСЕН ВО ПАРАГВАЈ ПОРАДИ ЛАЖЕН ПАСОШ

Најново од Вести